По короната, Интер следната сезона ќе биде фаворит за титулата

По поразот од Јувентус, Интер е далеку од Скудетото во оваа сезона, единствена шанса би им било ако се игра плејоф за титулата, што не е баш веројатно сценарио. Но, секогаш е тука иднината, па во клубот од Милано може со голем ентузијазам да ја чекаат следната сезона, во која влегуваат со финансиска предност во однос на Јуве.

Акциите на Старата дама се паднати на берзата, клубот од Торино е многу погоден од Коронавирусот, се зборува за губење повеќе од 100 милиони евра. Од друга страна, сопствениците на Интер, кинеското семејство Џанг и компанијата Сунинг, сега се збогатени, профитот ќе им биде над 1 милијарда долари.

Во Интер веќе прават планови за следниот преоден рок, се надеваат дека за над 100 милиони ќе ги продадат позајмените Икарди, Перишиќ и Најнголан, ќе си оди и Уругваецот Годин, а може богато да се офајдат и од продажба на Лаутаро Мартинес, за кого се интересира Барселона.

Тренерот Антонио Конте сака да се засили со искусни играчи во одбраната (лев бек и некој стопер кој се снаоѓа во формацијата 3-5-2), средниот ред (Артуро Видал) и нападот (Марсијал, Вернер или некој трети).

- Оглас -

Најнови вести