После пречекот, Ѓоковиќ се распеа во кафеана која ја затворија со познат српски пејач (Видео)

На Инстаграм се појавија снимки од синоќешната кафеанска прослава на Новак Ѓоковиќ, каде замина со сопругата Јелена и братот Ѓорѓе. Откако им се обрати на илјадниците насобрани граѓани од терасата на Градското собрание на Белград, Новак замина во затворен ресторан во кој пееше пејачот Саша Ковачевиќ.

Во српските медиуми пишуваат дека песната од Стинг, „Englishman in New York“, најмногу го погодила Новак, затоа што веројатно нема да може да игра на САД опен во Њујорк.

И тенисерот кој има 21 грен-слем титули го земал микрофонот, испил чаша вино, па ја отпеал својата омилена песна „Недеља“ од покојниот Џеј Рамадановски.

- Оглас -

Најнови вести