Ѓоковиќ со цела Србија ја слави титулата и откри зошто токму на Вимблдон го игра најдобриот тенис (фото)

Новак Ѓоковиќ по враќањето во Белград традиционално се појави на терасата од популарниот „Стари двор“ каде Србија редовно организира прослави на спортски успеси.

Ноле го покажа седмиот трофеј од Вимблдон, беше пречекан како крал од илјадниците негови симпатизери, а потоа откри зошто токму на ова првенство го игра својот најдобар тенис.

„Има многу причини што токму на Вимблдон сум во своето најдобро издание. Една од главните е вкусната трева. Има неверојатен вкус и сакам што е можно почесто да ја јадам“, шеговито истакна Ѓоковиќ.

Оваа титула му е една од најдрагите што ја освоил, особено по проблематичниот старт на сезоната и забраната да игра на ОП на Австралија. Сепак, Новак откри која титула му значи најмногу.

„Оваа прилично ми е драга и посебна што ја споделувам со вас. Сепак, по зборовите на мојот починат пријател Коби Брајант, омилена титула ми е следната што ќе ја освојам“, истакна српскиот тениски великан.

- Оглас -

Најнови вести