Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го играат последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите. Противник на битолчани е шампионот на Норвешка, Колштад, кој на првиот натпревар во Битола победи со убедливи 22-31.
Норвежаните се фаворити и на денешниот натпревар, а квотата за победа во Sport Life им е 1.12. Ова е дуел на двете екипи кои испаѓаат од групата „А“, па можеби и ракометарите на Колштад ќе бидат поопуштени и не е исклучено ниту изненадување на Еурофрам Пелистер, кој има квота од 6.75 за победа. Нерешениот резултат во Норвешка има квота од 13.50.
Вечерва ширум Европа ќе се одиграат четири натпревари од групата А на Лигата на шампионите, а сите може да ги најдете во богата понуда на Sport Life.