Ракометниот фајнал-фор од Лигата на шампионите кој ќе се игра денеска и утре во Келн, ќе биде посебно емотивен, бидејќи од клупскиот ракомет ќе се прости Микел Хансен.
Данската суперѕвезда има освојувано Олимписки игри, Светско првенство, Европско првенство, но во блескавата кариерата му фали трофејот од Лигата на шампионите. Играше две финалиња, во 2010 и 2017, но ги загуби. Хансен кој е играч на Алборг, ја има последната шанса конечно да го освои вредниот пехар и во пензија да замине како ултимативен победник и шампион.
Но, квотите во Sport Life велат дека Алборг на Хансен е аутсајдер во денешното прво полуфинале против актуелниот првак Магдебург.
Во другото полуфиналето, Барселона е голем фаворит против Кил и можеби Каталонците ќе добијат прилика во финалето да му се реваншираат на Магдебург за ланскиот пораз во полуфиналето.