Последна шанса за Филаделфија и за Портланд

Филаделфија севентисиксерс – Торонто репторс (02 часот – Шести натпревар, полуфинале Исток. Филаделфија води 3-2)

Торонто веќе четири сезони чека на пласман во конференциското финале на Истокот откако претходниве три години не успеваа во тоа поради пречката наречена Леброн Џејмс и Кливленд кавалирс. Сега ниту Кливленд, а ниту Леброн не им пркоси во таа цел, но тука е ретко отпишаната Филаделфија.

Сиксерс, пак, од сезоната 2000/01 чекаат на пласман во финалето од Истокот, а потфрлија во тој обид во претходниве две сезони. Ноќеска имаат шанса со победа да изнудат мајсторка во оваа рунда, а ветар во грб треба да им биде домашната публика. Но, треба да се знае дека во оваа серија, Торонто како гостин загуби само еднаш, така што на кошаркарите на Филаделфија нема им биде лесно.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

Џоел Ембид (Филаделфија севентисиксерс – Торонто репторс – 02 часот – Шести натпревар, полуфинале Исток. Филаделфија води 3-2)

Ако се надеваме на триумф на Филаделфија, тогаш треба да очекуваме и одлична партија на Џоел Ембид. Камерунскиот центар знае дека може да игра многу подобро од она што го прикажа во разигрувањата, па можеби токму ноќеска ќе се покаже во вистинско светло. Во трите порази од Торонто, Ембид постигнуваше во просек речиси по 14 поени, така што ако победи Филаделфија, многу веројатно е и Ембид да има висок учинок.

Предлог тип: Џ. Ембид тотал поени+асистенции+скокови >34.5 (1.87)

 

Портланд трејлблејзерс – Денвер нагетс (04:30 часот – Шести натпревар, полуфинале Запад. Денвер води 3-2)

Портланд еднаш дојде до брејк против Денвер, а потоа Нагетс возвратија со иста мера, а во петтиот дуел франшизата од Колорадо ја преземе контролата на серијата и дојде на чекор од пласман во финалето од Западната конференција.

Тешко е да се предвиди што би се случувало ноќеска, бидејќи и двете екипи нормално дека посакуваат да останат во разигрувањата што подолго, па и да се борат за самата титула. Ако нешто научивме од оваа рунда меѓу Денвер и Портланд, тоа е дека кошеви нема да недостасуваат (се мисли на висок учинок), така што најдобро е да се типува на вкупен збир поени.

Предлог тип: >216.5 (1.97)

 

Демиен Лилард (Портланд трејлблејзерс – Денвер нагетс – 04:30 часот – Шести натпревар, полуфинале Запад. Денвер води 3-2)

Доколку триумфира Портланд, патникот во Западното финале ќе се знае по мајсторка, а за неутралните кошаркарски љубители тоа би бил најдобар исход. Што повеќе натпревари, тоа повеќе можности за обложување, па за да се изнуди седми, решавачки меч, потребно е Демиен Лилард ноќеска да блесне за неговиот Портланд.

Првата ѕвезда на Блејзерс цела сезона покажува дека е меѓу најдобрите кошаркари во НБА-лигата, па затоа цел негов тим ќе се потпре на неговите способности и квалитети, а тој треба да одговори со висок учинок во поени, асистенции и скокови.

Предлог тип: Д. Лилард тотал поени+асистенции+ скокови >39.5 (1.90)

 

Бостон бруинс – Каролина хурикејнс (02 часот – Прв натпревар, финале Исток)

Малку кој очекуваше дека Каролина ќе ја помине првата рунда, а не да дојде до борба за пласман во големото финале. Но, тие како ураган го збришаа актуелниот шампион Вашингтон капитолс, па потоа и Островците од Њујорк и сега имаат намера да им ги поматат сметките и на четвртата најтрофејна франшиза во НХЛ-лигата, Бостон бруинс.

Бостон мора да биде претпазлив бидејќи во три наврати во разигрувањата губеа на домашен терен, па се вадеа на гости. Ако им тргне со пораз пред своја публика во оваа серија, ќе ги чека напорна рунда, а тоа никој не го посакува од таборот на Бруинс. Сепак, тие се фаворити на стартот од Источното финале, така што би требало да отворат со триумф.

Предлог тип: 1 (2.12)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести