Последното 32-ро коло во петтата сезона на бесплатната Спортската прогноза може да биде и последен пат во догледно време меѓу екипите во понудата да ги има Лестер и Лидс.
Играчите во голем број веќе ја имаат пополнето играта, па се наѕираат и фаворитите за овој викенд. Еден од најголемите фаворити за победа на домашен терен е Лестер, но и да слават над Вест хем, може да испаднат, па во шестата сезона на Спортска прогноза да ги нема Лисиците во основната понуда.
Првите натпревари започнуваат утре (сабота), во 15 часот, а тоа значи дека имате уште еден ден за размислување. Има парови и кај кои поделеноста меѓу прогнозерите кои досега се изјасниле е голема, а интересна е и борбата за генерален пласман. Петтемина најдобри добиваат подароци.
За погодени 13 пара, следува главната премија, а тоа е избор од трите понудени подароци: Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет или X Box Series X.
За 12 погодоци следува подарок вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.