Канадскиот тенисер Милош Раониќ е нов рекордер по бројот на асови на еден меч откако на дуелот против Камерон Нори успеа да сервира дури 47 директни поени. Рекордот е испишан на турнирот во Лондон, каде што на тревнат терен, по голема борба, Раониќ победи со 6:7, 6:3, 7:6.
47 ACES! 😱🎯
The most aces in a three-set clash EVER, @milosraonic fends off Norrie 6-7(6), 6-3, 7-6(9)@QueensTennis | #cinchChampionships pic.twitter.com/RUNIgsHUXk
— ATP Tour (@atptour) June 17, 2024
Според статистиката на Инфосис на АТП, Раониќ имал 86 отсто поени од прв сервис и успеа да ги добие сите 17 гема на свој сервис. И покрај овој фантастичен сервис, Раониќ беше на прагот на пораз, но успеа да спаси две меч-топки, а потоа и да се радува на крајот.
Досегашниот рекорд по бројот на асови во еден меч го држеше Хрватот Иво Карловиќ, кој на дуел во 2015 година имаше 45 аса на мечот против Томаш Бердих во четвртфиналето на турнирот во Хале.