Ако игра овој играч, најсигурно е да играте на победа на противникот

Новата сезона во англиската Премиер лига не донесе ништо ново. Манчестер сити и Ливерпул започнаа со убедливи победи и покажаа дека се главни фаворити за титулата. Со три бода стартуваше и Тотенхем, иако лондонскиот тим на полувремето губеше против Астон вила со 0:1.

Хари Кејн и Ндомбле погодија за Тотенхем, а Астон вила не успеа да го направи првото поголемо изненадување. Од сите играчи на Астон вила, најразочаран сигурно беше Џек Грилиш. Тоа е играчот кој постави неверојатен рекорд. Има 19 порази по ред во мечеви од Премиер лигата.

Оваа непријатна низа на Грилиш започна во сезоната 2014/15, кога со Астон вила ги загуби двата меча во Премиер лигата. Следната сезона одигра 16 натпревари и претрпе 16 порази. Сезонава повторно се врати во Премиер лигата и со Астон вила претрпе нов пораз – 19-ти по ред.

Во следното коло Астон вила ќе игра против Борнмут, а Грилиш сигурно ќе биде играчот кој најмногу од сите ќе се радува ако неговиот тим не загуби.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести