Нотингaм форест ќе му даде уште една шанса на Анге Постекоглу и ќе го задржи на клупата барем за следниот натпревар против Челзи во англиското првенство. Австралиецот беше назначен за менаџер на почетокот на септември, но сè уште нема победа во седум последовни натпревари, што веќе предизвика шпекулации за можен раскин на соработката.
Постекоглу ќе одржи состанок со сопственикот на клубот, Евангелос Маринакис, за време на оваа репрезентативна пауза. Засега, грчкиот бизнисмен нема намера да се раздели со Австралиецот и тој ќе добие барем уште еден натпревар како тренер на Форест.
Англиските медиуми пренесуваат дека Маринакис е голем фан на стилот на тренерот Марко Силва, кој моментално го води Фулам. Меѓутоа, отштетата за негово доведување би била значителна.