Постекоглу прави чудо со Тотенхем, Кејн веќе е заборавен!

По девет кола во англиската Премиер лига, изненадувачки лидер на табелата е Тотенхем, нешто што ретко кој го очекуваше, особено по заминувањето летоска на Хари Кејн, кој беше прв стрелец и долгогодишен капитен на тимот.

Менаџерот Ангелос Постекоглу постави рекорд со освоени 23 бода на првите девет меча во Премиер лигата.

Тој има голема заслуга што Тотенхем засега одлично гази и го надоместува отсуството на Кејн со исфрлање во преден план на други играчи.

Главен партнер на Хеунг-мин сега е Џејмс Медисон, а и Дејан Кулушевски игра добро, додека главен напаѓач е Ришарлисон, кој ако влезе во голгетерска форма, тимот ќе биде уште поопасен.

Сон сезонава има седум гола и една асистенција, додека Медисон има три гола и пет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести