Шарлот иако наиде на еден од конкурентите за титулата во НБА, успеа да ја оствари првата победа по три натпревари, а во „Спектрум центарот“ падна тимот на Бруклин со минимални 106:104.
Кевин Дурант не го круниса учинокот од 23.000 поени во кариерата со победа, а во текот на мечот беше посрамотен од Тери Розиер. Со брутално забивање, Розиер го стави на постер популарниот Дурантула, а двократниот првак не знаеше што го снајде.
https://twitter.com/HoHighlights/status/1343368959228334081