Дурант е деветти најбрз кошаркар кој стигнал до 23.000 поени

Кевин Дурант е деветтиот најбрз кошаркар кој стигнал до учинок од 23.000 поени во НБА-лигата. Во поразот ноќеска од Шарлот, Дурант за Бруклин постигна 29 поени и во својот 852-ри настап во најсилната лига на светот се наметна во листата на најбрзи стрелци во историјата.

И покрај тоа што во сезоната 2014/15 одигра само 27 натпревари, односно поради повреда ја пропушти целата 2019/20 сезона, Дурант успеа да застане пред Шекил O’нил на листата.

Како член на Оклахома, Голден стејт и сега Бруклин, Дурант во кариерата одржува просек од 27 поени по натпревар, сосема доволно да се најде во елитното друштво.

- Оглас -

Најнови вести