Валенсија пости 9 години по ред во Мадрид против Атлетико

Атлетико Мадрид ја продолжи блескавата серија од 10 меча без пораз на свој терен во Мадрид против Валенсија, а и вечерва победи со 3-2 за зацврстување на втората позиција, зад лидерот Барселона.

Со головите на Мората, на Гриезман и на Кореа домаќините ги освоија бодовите против тимот што бие битка за позиции кои водат во Лигата на шампионите.

Валенсија на двапати израмнуваше со головите на Гамеиро и на Парехо од пенал, но не успеа да издржи докрај и да освои барем еден бод.

Од 2010 година популарните Лилјаци немаат триумф на гости кај Атлетико Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести