Постигна 11 гола на ист меч, но и со таков ефект е далеку од рекордот

Аднан Салкиќ вечно ќе го памети мечот против ФК Челиќ во Втората лига на БиХ, а маестралната партија фудбал ја зачини со 11 голови во победата на неговата Сеона од 11:0.

Салкиќ има 33 години и ги постигна сите голови за својот тим, што е рекорден ефект во историјата на босанскиот фудбал, но не е и светски рекорд.

Повеќе голови од него имаат постигнато двоецот рекордери Панајотис Понтикос и Стефан Станисо. Понтикос постигна 16 голови за Олимпос Ксилофагу во победата против ФЦ Атанасиос од 24:3 во кипарската трета лига. Тој меч се играше во мај 2007 година.

Пред него и Станисо имаше ист ефект со неверојатни 16 гола на ист меч во 1942 година за својот Расинг во Купот на Франција против Обри.

Веднаш зад нив е Арчи Томпсон, кој постигна 13 гола за Австралија на квалификациски меч за пласман на СП во 2002 против Американска Самоа, во победата од 32:0.

- Оглас -

Најнови вести