Италијанецот Јаник Синер е победник на Отвореното првенство на Австралија во тенис и ја освои својата прва гренслем титула во кариерата во своето прво финале.
После победата над Новак Ѓоковиќ во полуфиналето и пласманот во финалето со само еден загубен сет, 22-годишниот Синер ја искористи поддршката од трибините, беше и посвеж од противникот, па триумфираше иако губеше со 0-2 во сетови од Данил Медведев.
Популарниот Медо исто како и годинава, и во 2022 година во Мелбурн загуби финале после водство од 2-0 во сетови, тогаш од Рафаел Надал. Медведев остана на само една гренслем титула во кариерата, а одиграл шест финалиња.