Навивачите на Јувентус се приклучија на големиот број фудбалски работници и клубови кои му оддаваат почит на поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони.
Навивачите на Старата дама пред резиденцијата на Берлускони поставија транспарент на кој пишува „Големиот Силвио Берлускони, почивај во мир“.
Uno striscione del tifo organizzato della Juventus, esposto all’esterno di Villa San Martino, residenza di Silvio Berlusconi pic.twitter.com/MmAAbD33mn
— Sportitalia (@tvdellosport) June 13, 2023
Берлускони почина во понеделникот, а повеќе од три децении беше на чело на Милан, кого го направи еден од најголемите клубови на светот. Токму под негово водство, Милан петпати триумфира во Лигата на шампионите и тогашниот Куп на европски шампиони, а осумпати во Серија А.