Голеада и потоп на Барса на „Камп Ноу“

Барселона претрпе изненадувачи пораз од Бетис со 4-3 на „Камп Ноу“. Гостите од Андалузија му го расипаа враќањето на Лионел Меси во составот, ниту за момент не се уплашија од неговото присуство на теренот, па во четири наврати ја тресеа мрежата на Тер Штеген.

Жуниор донесе предност за Бетис во 20-тата минута, за искусниот Хоакин да зголеми на 2-0 во 34-тата минута. Барса преку Меси намали на 2-1 во второто полувреме, Аргентинецот беше прецизен од белата точка во 67-та минута. Но, следуваше нов шок за каталонците во 71-та минута.

Германскиот голман ужасно реагираше при ударот на Ло Селсо, па топката одново се најде зад грбот на Тер Штеген. Осум минути подоцна, Видал одново врати надеж за домаќините за 3-2, меѓутоа Ракитиќ им одмогна на своите соиграчи откако го заработи вториот жолт картон, па од 81-та минута Барса играше со фудбалер помалку. Каналес веднаш тоа го казни, па во 83-тата минута Бетис по трет пат оствари два гола предност. Во судиското надополнување, Меси одново заби гол и намали на 4-3, но немаше доволно време за сензационален кам-бек на шпанскиот првак.

Иако враќањето на Меси пред овој меч значеше дека Барса ќе има полесна задача да освои три бода, Бетис се одлучи да направи изненадување и да им го нанесе вториот пораз на каталонците по 12 одиграни натпревари во Ла Лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести