Потрес во НБА, Денвер нагетс го смени тренерот кој ги водеше 10 сезони

Денвер нагетс само на три меча пред крајот на регуларната сезона објави дека го разрешил тренерот Мајкл Мелоун. Мелоун 10 години седеше на клупата на Нагетс, а пред две години им донесе титула.

Од почетокот на месецот почна резултатската криза, Грутките врзаа четири порази, од кои три на домашен терен, со што го загрозија директниот пласман во плејофот, иако во моментов се четврти на Западот.

Освен Мелоун, отказ доби и генералниот менаџер Калвин Бут.

Веќе е познато името и на привремениот наследник на Мелоун. Тоа е досегашниот асистент Дејвид Аделман, кој ќе ја преземе улогата на главен тренер на Денвер до крајот на сезонава.

Досега во историјата на НБА само уште еднаш се случило некој тренер да биде сменет толку доцна во сезоната.

- Оглас -

Најнови вести