Унгарија со 1:0 ја победи Шкотска во меч кој траеше повеќе од 100 минути. Причина поради која средбата во второто полувреме имаше повеќе од 10 минути дополнување беше повредата на Барнабaс Варга.
По еден центаршут, Варга се обиде да погоди со глава, но налета на голманот на Шкотска и се судри со него. Варга заработи директен удар во главата со лактот на голманот и остана да лежи на тревата.
Another angle of that collision #EURO2024 | #SCOHUN
— Fernansh Era (@BrunoFernanshh) June 23, 2024
Веднаш реагираа лекарите, а по неколкуминутна интервенција на теренот, Варга беше изнесен од теренот на носилки. Засега не се знае точно колку е сериозна повредата, но фактот дека беа ставени кебиња, плус режисерот не сакаше од блиску да снима, говори дека може да се работи за сериозна повреда.