Младиот фудбалер на репрезентацијата на Шпанија, Гави, заработи тешка повреда на квалификацискиот натпревар против Грузија и мораше да биде заменет во 26-тата минута. Според првичните прегледи, се работи за повреда на лигаментите на коленото, а тоа значи дека фудбалерот на Барселона ќе паузира околу осум месеца.
Доколку и деталните прегледи го покажат тоа, би значело дека оваа сезона за Гави заврши, а нема да го гледаме ниту на Европското првенство во Германија.
„Разбирам сè и ова е тежок момент за Гави и за Барселона, но и за репрезентацијата. Разочарани сме, атмосферата во соблекувалната е како да сме изгубиле, како на бдеење. Им реков на играчите дека мора да се размрдаат, но и со скршено срце мора да тргнеме напред во знак на поддршка за повредениот соиграч. Ова е најтешкиот и најгорчливиот момент во мојата кариера. Сочуство за Барселона“, рече селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, по натпреварот со Грузија.
FERRAN DEDICATING HIS GOAL TO GAVI 😭😭😭😭😭🥹🥹💔 pic.twitter.com/EuGz6mEqGK
— ᴘɢ² 🇵🇸 (@angrygavi) November 19, 2023