Официјална потврда од ИХФ: Македонија место Чешка ќе биде дел од СП во Египет!

Светската ракометна федерација (ИХФ) на својот твитер-профил и официјално потврди дека Македонија ќе биде дел од Мундијалот во Египет. Планетарниот шампионат започнува утре, а Македонија попладнево доби потврда дека ќе биде дел од завршницата откако чешката ракометна репрезентација и официјално го откажа својот настап.

Многуте заболени од корона-вирусот и неможноста да најде доволен број ракометари за настап беше причина Чешка и официјално да се откаже, а ИХФ да ја промовира Македонија како учесник на завршницата.

- Оглас -

Најнови вести