Еден од најдобрите кошаркари на светот, НБА суперѕвездата Никола Јокиќ е познат како скромен приземен човек кој не се расфрла со пари, иако има и тоа многу. Доказ за ова дојде преку негова сметка која ја платил во кафуле во Црна Гора каде што е на летување.
Немаше скапи шампањи и други лукзуси, напротив, само еспресо, газирана вода и сок кој го пиела неговата ќерка.
Сметката беше точно 5 евра и 80 центи. Јокиќ не ја земал, па луѓето кои седнале после него на истата маса, ја виделе и се шокирале, па ја фотографирале за да ја објават во јавност.