Потврден најскапиот трансфер за ова лето – Сити се откажа од големиот талент

Летниот преоден рок уште не е започнат, но некои трансфер веќе е потврдени. Најчесто се работи за фудбалери кои играле како позајмени во некој друг клуб, па сега сакаат да продолжат таму и нивниот договор се откупува.

Таков е случајот со младиот стопер Тејлор Харвуд-Белис. Талентираниот 22-годишен стопер од ова лето и официјално ќе стане играч на Саутхемптон, клуб во кој досега играше како позајмен играч.

Харвуд-Белис е „дете“ на Манчестер сити со кој има договор до летото 2025 година. Сепак, во Сити не доби шанса да игра и често беше на позајмица. Играше за Блекбурн, Андерлехт, Стоук, Барнли и сега во Саутхемптон.

Во сезоната која што измина, Харвуд-Белис одигра 46 меча за Саутхемптон во сите натпреварувања. Постигна два гола, а имаше и четири асистенции, а најголем успех сезонава му е што успеа со Саутхемптон да избори место во Премиер лигата.

Бидејќи Сити нема да смета на овој играч и во следниот период, реши да го продаде и тоа за сума од 23 милиони евра, што засега преставува најскап потврден трансфер. Харвуд-Белис има одиграно дури 67 меча во младинските категории за Англија и иако е дефанзивец, постигна четири погодоци.

- Оглас -

Најнови вести