Потврдено: Лопетеги ќе го води Реал против Барселона

Реал Мадрид конечно повторно се врати на победите откако со 2-1 славеше против Викторија П’лзењ во Лигата на шампионите. За Кралскиот клуб тоа беше прва победа во сите натпреварувања по пауза од точно 31 ден. Последен пат се радуваа со 1-0 против Еспањол, а оттогаш наредија четири порази и едно реми. За нивна среќа, таа лоша низа заврши на дуелот против Викторија П’лзењ.

Веднаш по триумфот на Реал, со изјава се јави и еден од главните луѓе на Реал Мадрид. Емилио Бутрагењо сакаше да ги демантира гласините дека тренерот Хулен Лопетеги ќе добие отказ пред дуелот на Реал против Барселона. Големото Ел Класико се игра во недела, на „Камп Ноу“, а Лопетеги ќе ги предводи гостите од клупата.

„Победивме со 2-1, но тоа можеше да биде поубедлив триумф. Создадовме многу шанси кои не ги реализиравме. Сепак, најважно е што победивме. Лопетеги ќе го води Реал Мадрид на дуелот против Барселона. Мечот против Барселона секогаш е посебен и треба добро да се подготвиме“, рече Бутрагењо.

 

- Оглас -

Најнови вести