Потврдено: Милер „падна“ и на вториот допинг-тест, нема да се бори со Џошуа

Џарел Милер ги загуби сите шанси да се појави на предвидената борба против Ентони Џошуа во Њујорк. Вторите тестирања од допинг-контролата ги дадоа истите резултати како и претходно, Милер користел илегална супстанца за раст на мускулната маса и нема да биде дел од спектаклот во „Медисон Сквер Гарден“ кој е закажан за првиот ден од јуни месец.

Сепак, тоа не значи дека борбата ќе биде откажана, напротив, менаџерот на британскиот боксер Еди Херн потврди дека за неколку дена ќе се дознае новиот противник на Џошуа, кој нема да направи сличен скандал како „Биг Бејби“ Милер.

„Разочарани сме од Милер, дознавме дека и вторите тестирања ги покажаа истите резултати. Нема оправдување ниту простор за вакви срамни раоти во спортот. Мило ни е што ВАДА тестирањата функционираат и ни овозможија да организираме „здрава“ борба. Во следните неколку дена ќе го соопштиме новиот противник на мојот клиент“, истакна Херн.

Веќе ги најавивме петте потенцијални противници на Џошуа, во прв план се Кубрат Пулев, Луис Ортиз, Џо Џојс,  Адам Ковнацки и Џеосеф Паркер.

- Оглас -

Најнови вести