35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Потврдено: На 18 мај ќе започнат вистинските тренинзи во Серија А

За две недели клубовите во италијанската Серија А ќе може да започнат со нормални тренинзи и подготовка за продолжување на прекинатото првенство. Ова го потврди министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора.

„Од 18 мај ќе биде дозволено фудбалерите заедно да тренинраат и клубовите ќе може нормално да почнат со работа. Навистина се надевам дека фудбалското првенство ќе се доигра“, изјави Спадафора.

Индивидуалните тренинзи во Италија се дозволени од вчера и може да се тренира во помала група, што е само најава за олабавување на мерките за безбедност во земјата која заедно со Шпанија беше најпогодена од пандемијата на корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести