Потврдено „црното сценарио“ за Барселона: Левандовски ќе го нема во клучниот дел од сезоната

Барселона со голем пресврт успеа да ја победи Селта Виго со 4:3, откако каталонскиот гигант на свој терен губеше со 1:3 во дел од второто полувреме. Домаќинитеги освоија трите бодови, „платија“ данок за овој триумф. Поради повреда, мечот вредвреме го заврши Роберт Левандовски. Полјакот денеска направи и лекарска контрола која потврди дека повредата не е наивна.

„Тестовите направени во неделата потврдија дека првотимецот Роберт Левандовски има полутендинозална повреда на левата бутина“, се вели во соопштението на Барселона, без да се прецизира колку долго ќе паузира.

Шпанските медиуми објавија дека Левандовски би можел да отсуствува три недели, што значи дека нема да биде достапен следната сабота бидејќи Барселона ќе се соочи со Реал Мадрид во финалето на Копа во Севиља.

Лидерот во шпанското првенство на 30 април ќе го пречекаат Интер во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, а на 6 мај гостуваат кај Италијанците во реваншот од полуфиналето.

Левандовски ќе ги пропушти првенствените натпревари против Мајорка во вторник и Ваљадолид на 3 мај, со потенцијално враќање против Реал Мадрид на 11 мај, натпревар кој би можел да ја реши трката за титулата.

Барселона, која го освои шпанскиот Суперкуп во јануари, брка потенцијални четири титули. Лидер е во Примера дивисион, игра во финалето на Купот на Шпанија, а дел е и од полуфиналето на Лигата на шампионите за прв пат од 2019 година.

Тренерот Ханси Флик претходно го користеше Феран Торес низ средината како замена за Левандовски, а исто така експериментираше и со Дани Олмо да работи како лажна деветка.

- Оглас -

Најнови вести