Повеќе од девет години немало подоцна постигнат гол во Премиер лигата

Португалецот Бруно Фернандеш уште еднаш се покажа како одличен изведувач на пенали и тоа во клучните моменти. Играчот кој беше прогласен за најдбар во Манчестер јунајтед за минатата сезона, погоди од белата точка во триумфот против Брајтон.

Фернандеш беше стрелец на голот во 100 минута во меч каков што досега не памти Премиер лигата. Судијата најпрво отсвири крај на средбата, а потоа по прегледување на ВАР, реши дека треба да има пенал, па Фернандеш доби шанса да донесе три бода за гостите.

Со голот кој официјално е запишан во 99 минута и 45 секунда, Фернандеш е стрелец на најдоцниот гол во последниве девет години. Хуан Мата во дресот на Челзи во август 2011 година даде гол против Норич во 100 минута и три секунди. Истата 2011 година во април, ДиркКајт даде гол за Ливерпул против Арсенал во 12 минути после 90-тата и тоа е рекорд во Премиерлигата за најдоцна постигнат гол.

 

- Оглас -

Најнови вести