Досега невидено во Англија: Манчестер јунајтед победи со гол откако судијата отсвири крај на мечот! (Видео)

Манчестер јунајтед со 3:2 славеше на гостувањето кај Брајтон, во меч кој имаше луда завршница. До 94-тата минута, Манчестер водеше со 2:1, кога домаќините успеаја да дадат гол и да израмнат на 2:2. Се очекуваше дека тоа ќе биде и конечен резултат, а гостите во последниот обид, по ударот со глава на Хари Мегваер, еден од домашните фудбалери, ја расчисти опасноста од гол-линијата.

Судијата отсвири крај, но тогаш фудбалерите на Манчестер почнаа да се бунат. Бараа пенал, затоа што еден од домашните играчи играше со рака по ударот со глава на Мегваер. Судијата кој отсвири крај, реши да ја погледне сомнителната ситуација, а ВАР-системот покажа дека треба да има удар од белата точка за Манчестер.

Бруно Фернандеш погоди од белата точка и им донесе голема радост на гостите, а домаќините останаа во неверување за тоа што им се случи во последната секунда и буквално по последниот свиреж на арбитерот.

Драмата на мечот започна пред крајот на првото полувреме, кога Брајтон поведе со атрактивниот гол од пенал во паненка стил, но Манчестер до полувремето израмни. На стартот од второто полувреме Маркус Рашфорд постигна фантастичен погодок за 2:1. Првите три погодоци од овој меч може да ги видите ТУКА, а драмата во последните секунди ја имате во продолжение.

 

- Оглас -

Најнови вести