Повеќе од заслужени се 100.000 денари кога ќе се погодат 48 меча од 50!

Благој и Вања Вукосављевиќ се татко и син кои успеаја да состават тикет на кој од 50 мечеви имаше 48 погодени натпревари. Таквиот биланс беше доволен за тоа тикетот да биде најдобар во втората рунда од акциската понуда на Sport Life „до 50 шанси за 100.000″.

Тикетот е уплатен во објектот на Sport Life кај Зелен Пазар, а на него има мечеви речиси од сите спортови. Благој и Вања се редовни учесници на „до 50 шанси за 100.000″, но досега најголемиот успех им било 41 погоден меч.

„Ние сме семејство кое го сакаме спортот. Некои сакаат да гледаат серии, а ние сакаме да ги следиме спортските настани. Во обложувалница играме рекреативно, а оваа игра на Sport Life е навистина одличен предизвик да се види колку може најмногу да погодите. Играме откако започна оваа игра и најмногу имавме погодено 41 натпревар, но тоа не беше доволно да се биде во Топ 3 во етапа. Сепак, не се откажавме и продолживме, па сега среќата ни се насмевна“, велат Благој и Вања кои го подигнаа чекот од 100.000 денари.

ТИКЕТ НА КОЈ ИМА МЕЧЕВИ ОД СНУКЕР, ОДБОЈКА, РАКОМЕТ, ХОКЕЈ, ТЕНИС И ФУДБАЛ, А ЗА МАЛКУ ФАЛЕШЕ ДА ВРЕДИ 10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Доколку успееја да ги погодат и преостанатите два меча на тикетот, добивката ќе изнесуваше неверојатни 10 милиони денари, што е максималната добивка на вакви ливчиња.

„Кога го уплатив тикетот, започнав да ги следам мечевите и првите 11 беа добитни. Тогаш почувствував дека може да биде вистинскиот тикет за оваа игра. Имаше мечеви од повеќе спортови. Комбинација од снукер, одбојка, ракомет, хокеј, тенис и фудбал. Едниот промашен меч беше од полското одбојкарско првенство. Шампионот Белхатов загуби од Гдањск со 1:3, иако домаќините го добија првиот сет. Втората утка беше на Римпар – Констанц од втората германска ракометна лига, каде што домаќините водеа со 24:23, но на крајот загубија 24:25. Имаше и мечеви на кои во последните моменти среќата беше на наша страна и затоа не може да бидеме незадоволни“, раскажува помладиот Вукосављевиќ за мајсторскиот тикет, кој е рекорден во досегашниот дел од „50 шанси за 100.000″.

КАКО ГОЛМАНОТ НА БЕНЕВЕНТО ИМ „СКРАТИЛ“ 400 ЕВРА?

Благој и Вања велат дека омилена игра им е да се погоди конечниот тип, а синот Вања како фан на Манчестер јунајтед ја обожава Премиер лигата. Во обложувалница играат на „ситно“ и уплатите најчесто се движат до 100 денари.

„Играме за забава, но секако секоја добивка е добродојдена. Најчесто уплатите се по 20, 50 или 100 денари за викенд и тоа се тикети на фудбалски или кошаркарски мечеви. До пред оваа добивка, максималната добивка која ја имав погодено беа 20.000 денари, и тоа се случи непосредно пред ланската Нова година. Ќе го памтам и тикетот на кој со гол во последната секунда не успеав да добијам 400 евра. Тоа беше на мечот Беневенто – Милан, кога Росонерите водеа со 2:1, а домаќините дадоа гол во 95-тата минута. Стрелец беше голманот на Беневенто“, се сеќава Вања на неколкуте интересни тикети кои ги имал одиграно во минатото.

Фантастичниот тикет на Благој и Вања на кој има 48 погодени мечеви од максималните 50, може да го видите ТУКА.

Освен шампионите Благој и Вања, во втората етапа подароци има и за вториот и третиот. Миле Миленкоски е втор со 44 погодоци и тој е добитник на вредносен ваучер од 25.000 денари од Техномаркет. Третиот Костадин има 43 погодени и доби вредносни ваучери на месечно ниво од 200 денари секој ден.

ГОРНАТА ГРАНИЦА ВО ТРЕТАТА ЕТАПА Е 43 ПОГОДОЦИ

Третата етапа од „50 шанси за 100.000″ е во тек и трае до 7 март. Во досега одиграните тикети, во водство е Марко З., кој има 43 погодени натпревари, пред второпласираниот Венчо со 42 погодоци и третиот Жарко, кој има 41 погоден меч.

Ако досега не сте играле „до 50 шанси за 100.000″, не треба да се разочарувате. Уште од денеска може да направите тикет и да бркате 50 погодоци со кои ќе бидете во трка за главната етапна премија од 100.000 денари. Играјте во Sport Life и секогаш имате можност добро да заработите и на недобитен тикет.

- Оглас -

Најнови вести