Отворањето на Олимписките игри во Париз кое беше четиричасовно шоу, предизвикаа многу внимание и реакции. За прв пат, отворањето се случи надвор од стадион. Главните обележја на Париз беа местата на кои беше шоуто, а централната манифестација беше на реката Сена.
Многу гламур, мода, музика, но и контроверзни моменти донесе отворањето на Игрите. Најмногу негативни реакции имаше за сцената која многумина ги потсети на познатата слика на Леонардо да Винчи, „Тајната вечера“, во која се прикажа ни Исус Христос и неговите апостоли.
Организаторите не потврдија дали токму тоа е инспирацијата на контроверзниот момент кој се случуваше на отворањето, но корисниците на социјалните мрежи, најдоа многу сличности. Верниците реагираат дека организаторите претерале и немале почит кон исус Христос и неговите апостоли. Некои реагираа до току жестоко што повикаа да има и бојкот на Игрите.
I will NOT watch the Olympic Games whilst ever this vile parody of Jesus’s Last Supper is deemed acceptable by the organisers. This is a flagrant attack on the whole of Christianity! Utterly disgusting 🤢
🚫 BOYCOTT #OlympicGames 🚫 pic.twitter.com/gf0NNms8v0— BULLDOG (@bulldog_spirit2) July 26, 2024
И додека шоуто кое се случи во Париз на отворањето уште се прераскажува, многумина потсетија како изгледаше отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија од 2014 година. На отворањето на тие игри, имаше многу поразличен перформанс од тој што го направија Французите синоќа.