Повикот во македонската репрезентација го прослави со нов гол во хрватската лига

Фудбалерот на Вараждин, Димитар Митровски, кој доби повик од селекторот Благоја Милевски за настап на септемвриските средби од Лигата на нации, денеска го постигна својот втор гол во последните три кола во хрватскиот шампионат.

Откако на 18-ти август ја затресе мрежата на Хајдук во Сплит, 25-годишниот Митровски даде гол и против Локомотива Загреб од пенал за победа од 1-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести