Манчестер сити дефинитивно има сезона за заборав. Тимот кој се бори за позицијата која води излез во Европа, во продолжение од сезоната ќе треба да биде без својот прв избор во нападот, Ерлинг Халанд. Голгетерот на Сити се повреди на дуелот против Борнмут во четвртфиналето од ФА Купот.
Според направените првични прегледи, Халанд има повреда на скочниот зглоб на левата нога и му следи период на пауза. Од Сити не потенцираа колку точно ќе трае периодот на рехабилитација, но се оптимисти дека Халанд ќе го имаат во своите редови за финишот на сезоната, како и за дуелите од Светското клупско првенство кое ќе започне по завршување на возбудувањата во Премиер лигата.