Повредата на Јаховиќ е сериозна – Даци деби сениорски повик во репрезентацијата

Адис Јаховиќ и дефинитивно нема да биде дел од репрезентацијата на Македонија за претстојниот бараж меч против Италија.

Напаѓачот на Гезтепе почуствувал болка во тетивата на денешниот натпревар против Аланијаспор, па така селекторот Благоја Милевски одлучи да го повика Ердон Даци, за кого ова е прв повик во „А“ селекцијата на Македонија.

Собирот на нашата репрезентација е закажан за утревечер од 20 часот, додека првиот тренинг ќе биде во понеделник од 17:00 часот.

Даци во моментов игра за белгиски Вестерло и е најдобар стрелец на тимот со девет погодоци. Тој потекнува од школата на Вардар, од каде што во 2017 година замина за Турција во дресот на Конјаспор, а од минатата година е дел од Вестерло со кого има тригодишен договор.

- Оглас -

Најнови вести