Повредата на Родриго ќе значи враќање на Нејмар во репрезентацијата на Бразил?!

Сериозната повреда на Родриго би можела неочекувано да му отвори нова можност на Нејмар да се доближи до сонот повторно да настапи со Бразил на уште едно Светско првенство. Според информациите на бразилските медиуми, селекторот Карло Анчелоти сериозно размислува да го вклучи напаѓачот на Сантос во составот за претстојните пријателски натпревари против Франција и Хрватска.

Како што е познато, Родриго заработи тешка повреда – кинење на предните вкрстени лигаменти, поради што ќе го пропушти Мундијалот 2026.

Се очекува Анчелоти да го објави списокот на повикани фудбалери на 16 март. До тогаш Нејмар ќе има можност да одигра уште два натпревари во дресот на Сантос. Доколку на нив покаже добра физичка подготвеност, шансите 34-годишниот офанзивец да добие повик се големи. Неговите изгледи дополнително би се зголемиле доколку младиот талент на Челси, Естевао, кој се опоравува од мускулна повреда, сѐ уште не биде целосно подготвен за настап.

Токму честите повреди на Нејмар досега беа главната причина Карло Анчелоти да се воздржува од негово повикување во националниот тим. Последниот настап на Бразилецот во дресот на „кариоките“ беше на 17 октомври 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести