Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, го пропушти последниот натпревар, оној против Малта поради повреда. Сепак, се чини дека повредата не е сериозна и тој вечерва ќе биде стартер за неговиот клуб Рајо Ваљекано во дуелот од Примера против Алавес на домашен терен.
