Повредите ја уништуваат Премиер лигата, дури 112 фудбалери се во аут викендов

Преголемиот број на натпревари во една сезона, посебно за англиските екипи, почна да го зема данокот и повредите на фудбалерите сè се почести, а откако менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави дека „фудбалерите не можат да го издржат овој ритам“, англиските медиуми почнаа да ги бројат повредените играчи кај премиерлигашите.

Тен Хаг исто така се пожали дека сезонава која трае само два месеци, дури 16 фудбалери биле повредени, и за денешниот натпревар против Кристал Палас нема да може да смета на дури осум играчи.

Медиумите избројаа дека дури 112 фудбалери не се во комбинација за настап викендов бидејќи се повредени.

Менаџерот на шампионот Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, пак ги повика фудбалерите да го кренат гласот и да стапат во штрајк.

Најголем проблем има Челси како кого дури 10 фудбалери моментно се наоѓаат на листата на повредени, додека единствен тим кој може да смета на сите играчи е Вулверхамптон.

Број на повредени фудбалери меѓу премиерлигашите:

10 – Челси
9 – Шефилд јунајтед, Кристал палас, Њукасл
8 – Манчестер јунајтед, Арсенал, Тотенхем
6 – Брентфорд, Барнли, Борнмут, Лутон
5 – Астон вила
4 – Брајтон, Евертон, Фулам, Ливерпул
3 – Манчестер сити
2 – Нотингам Форест
1 – Вест Хем
0 – Вулверхемптон

- Оглас -

Најнови вести