Повредите на Бејл станаа како шпанска серија

Герет Бејл во ремито од 2-2 против Вилјареал се здоби со нова повреда. Во 38-мата минута се пожали на болки во листот од левата нога, па велшкиот офанзивен играч беше заменет на полувремето, а на негово место влезе Иско.

За Бејл ова беше 15-ти пат сезонава да не заврши еден меч во Ла Лига, што е неславен рекорд во шпанското првенство.

Прецизни статистичари веднаш по мечот пресметаа колку пати Бејл се повредил во последниве пет години, поточно откако го носи дресот на Реал Мадрид, па така стигнаа до бројката од 28 повреди. Некогаш најскапиот фудбалер на светот поради нив пропушти вкупно 65 натпревари.

Засега не се знае колку долго ќе трае неговото закрепнување, ниту дали ќе биде подготвен за дуелот против Реал Сосиедад кој е закажан за во недела.

- Оглас -

Најнови вести