Повторно им подаривме гол: Грузија води 2:0 против Македонија (Видео)

Грузија води со 2:0 против Македонија со голот на Кварцахелија во 64 минута. Македонија напаѓаше имаше контрола на играта и на почетокот од второто полувреме, но во еден момент Дарко Велковски згреши.

Зивзивадзе му ја украде топката, тргна сам кон голот на Димитриевски и несебично асистираше кон Кваратскелија кој без многу мака ја погоди празната мрежа.

Вториот гол на Грузијците можете да го погледнете ОВДЕ.

Македонија пред да го прими вториот гол имаше неколку добри шанси за погодок, но Елмас, Миовски и останатите промашуваа. На крајот стигна казна во вид на уште еден подарок гол. Во првиот дел Грузија поведе со автоголот на Миовски и тој потег може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести