6027 Манчестер јун. – Барселона (21.00 часот)
Манчестер јунајтед и Барселона одиграа фантастичен натпревар минатиот четврток во нокаут-фазата во Лигата на Европа, на кој постигнаа четири гола (2:2). Двата тима се наоѓаат во одлична форма, но само еден тим ќе може да ги продолжи настапите во следната фаза.
Јунајтед минатиот викенд релативно лесно со 3:0 го совлада Лестер, а на овој меч повторно блескаше Маркус Рашфорд со два постигнати гола. Тој постигна еден гол и на „Камп ноу“ и вечерва повторно ќе биде главна опасност кон голот на Марк-Андре тер Штеген.
Барселона пак во последниот меч со 2:0 го совлада Кадис. Иако според правилата, каков било нерешен резултат ќе значи продолженија од двапати по 15 минути, се очекува и двете екипи да играат офанзивно во обид сите дилеми да ги решат во регуларните 90 минути.
Предлог тип: ГГ 3+ (2.16)
6026 Унион Берлин – Ајакс (21.00 часот)
Германскиот тим во првиот натпревар на „Јохан Кројф арената“ покажа зошто е најпријатно изненадување во петте најсилни европски лиги играјќи без голови против Ајакс.
Унион Берлин во последниот меч во Бундеслигата пред своите гледачи одигра 0:0 против дури последнопласираниот тим на табелата, Шалке.
Ајакс, пак, како што се наближува крајот на сезоната, игра сè подобро и како увертира за вечерашната пресметка, во последното коло во Ередивизијата со 4:0 ја совлада Спарта Ротердам и дојде само на три бода од лидерот Феенорд.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.08)
6839 Андерлехт – Лудогорец (18.45 часот)
Белгискиот тим беше фаворит и на првиот натпревар што се играше во Разград, но Лудогорец успеа да слави со голот постигнат уште во деветтата минута.
Андерлехт се обидуваше да дојде до израмнување и беше подобар тим, но не успеа да го пробие бункерот на Лудогорец, па се очекува вечерва да биде поинаква приказна. Иако нема да настапи еден од најдобрите играчи, панамскиот репрезентативец Мајкл Мурилјо, Андерлехт од првата минута ќе тргне офанзивно, додека гостите ќе се обидат да ја сочуваат предноста од првиот натпревар.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.60)
6843 Гент – Карабах (21.00 часот)
И вториот белгиски претставник во Лигата на конференции, Гент, вечерва ќе брка негатива од еден гол, и тоа против Карабах. Белгијците може да бидат среќни што загубија само со 1:0 бидејќи играчите на Карабах промашија пенал. Гент за реваншот се загреваше во Жупилер лигата, каде што со 2:0 го совлада Леувен, и од самиот старт ќе тргне да ја анулира негативата од првиот натпревар.
Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.45)
6021 Нант – Јувентус (18.45 часот)
Старата дама минатиот четврток ги разочара своите навивачи играјќи само 1:1 и уште еднаш потврди дека ја игра една од најлошите сезони во последните две децении. Но, не залудно Јувентус има најмногу шампионски титули во Серија А и речиси секогаш наоѓа начин да се извлече од кризата.
Поради казната од Италијанската фудбалска федерација, која му одзеде 15 бода поради финансиски малверзации, Јувентус ги загуби шансите за титулата и евентуален триумф во Лигата на Европа ќе значи настап во Лигата на шампионите следната сезона. Јувентус минатиот викенд го поправи впечатокот и со надмоќна игра во сите 90 минути успеа да победи со 2:0 на гостувањето кај Специја. Нант пак загуби од Ленс со 3:1 во Лига 1.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.40)