Нигерија одново издвои минимален триумф од 1-0. По славјето над Бурунди, Нигеријците ја совладаа и Гвинеја со идентичен резултат, а тоа е доволно за пласман во нокаут фазата од Африканскиот Куп на нации.
Голот за победа го постигна дефанзивецот Омеру во 73-тата минута, а Орлите претходно пропуштија неколку шанси и порано да дојдат до водство.
Во групата Б, Нигерија сега има шест бода и дефинитивно ќе играат во следната фаза, во дуелот против Мадагаскар на 30 јуни ќе го потврдат првото место.
https://www.youtube.com/watch?v=09efAZD5Y9s