Позаслужено здравје – Динамо заработи богатство во историскиот настап во Европа Лигата

Динамо Загреб приреди првокласна сензација со елиминацијата на Тотенхем, со победа во реваншот со 3:0 и ја наполни клупската каса со 12 милиони евра во историскиот настап во Европа Лигата за популарните Модри.

По поразот од 2:0 во Лондон, популарните Модри веруваа во чудо и го приредија во 120-минутна епска битка на „Максимир“. Мислав Оршиќ со хет-трик го нокаутира англискиот гигант, а сите три гола беа исклучително ефектни.

Во регуларниот дел беше 2:0 за Динамо со погодоците на Оршиќ во 62. и во 83. минута, од кои посебно ефектен беше првиот погодок.

На почетокот на второто продолжение Оршиќ со извонредна соло-акција го нокаутира Тотенхем по третпат и ја дополни касата на Динамо.

Во најдобрата сезона во историјата на клубот во Европа Лигата, Динамо досега заработи 12 милиони евра, а ќе има шанса уште повеќе да ја дополни заработката.

Утре од 13 часот популарните Модри ќе ја чекаат ждрепката за четвртфиналето во Европа Лигата. Лани победникот во Европа Лигата, Севилја, заработи вкупно 30 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести