Епска претстава на Динамо и на Мислав Оршиќ, хет-трик што ќе се памети во Европа (Видео)

Мислав Оршиќ постигна и трет гол и тоа прекрасен во 106. минута од продолженијата против Тотенхем, што го води Динамо Загреб кон сензационален пласман во четвртфиналето од Европа Лигата.

Оршиќ има хет-трик и одигра партија фудбал што долго ќе се памети, а заедно со соиграчите најпрво во регулраниот дел од мечот успеаја да ја анулираат негативата од 0:2 од првиот меч, а потоа и да стасаат до прагот на пласман во четвртфиналето.

Динамо има резултат што го води во следната фаза, но не смее да прими гол до крајот на реванш-мечот на „Максимир“.

- Оглас -

Најнови вести