Црвена ѕвезда вчера убедливо со 3:0 го победи Партизан во вечното српско дерби, покажувајќи доминиација. Во немоќ и лутина затоа што нивните миленици се немоќни во пресметката против вечниот ривал, навивачите на Партизан запалија дел од јужната трибина.
Стотина столчиња беа запалени, а мечот беше прекинат. За среќа, брзо реагираа противпожарните екипи и ја ставија ситуацијата под контрола, а жртви немаше.
Српските медиуми веќе пришуваат дека штетата од овој пожар е околу 200.000 евра. Јужната трибина е во тотален хаос. Покрај запалените столчиња, голем дел од столчињата се искршени, а уништени се и тоалетите и влезните врати на стадионот.
Црвена ѕвезда е во трка се времето да се санира целата штета затоа што веќе в четврток ќе игра против Лил во реванш-мечот од плејофот за пласман во осминафиналето на Лигата на Европа.

