Позитивна најава: Со публика на трибини во групите од ЛШ и ЛЕ

УЕФА испрати допис до клубовите кои се борат за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, или веќе имаат обезбедено учество, дека ќе може да ги отворат стадионите за своите навивачи.

Секој од клубовите ќе може да пушти билети во продажба до 30% од капацитетот на стадионот, што е винстинска позитива во пресрет на новата сезона на меѓународната сцена.

Најубав пример како би изгледало тоа во новата сезона ќе даде вечерашната средба меѓу Баерн Минхен и Севилја во Суперкупот. Спектаклот во Будимпешта на арената „Пушкаш“ ќе се игра пред околу 20.000 навивачи, што е 30% од максималниот капацитет на реновираниот стадион.

 

- Оглас -

Најнови вести