Публиката се враќа, Суперкупот Баерн – Севилја ќе се игра пред 20.000 гледачи

Европската фудбалска федерација, УЕФА, одлучи на дуелот од Суперкупот помеѓу Баерн Минхен и Севилја да има публика. Дуелот помеѓу победниците на Лигата на шампионите и Лигаta на Европ ќе се игра на 24 септември во Будимпешта, а УЕФА ќе дозволи трибините на стадионот „Ференц Пушкаш“ да се исполнети со 30 проценти од капацитетот.

Стадионот во главниот град на Унгарија собира 67.215 луѓе, што значи дека Суперкупот ќе може да го гледаат во живо над 20 илјади фанови. Ова е одлична вест за сите љубители на фудбалот и ќе претставува чекор кон нормализација и постепено враќање на навивачите на фудбалските мечеви, со што атмосферата би била многу поубава отколку сега.

Завршницата на ЛШ и ЛЕ се играше без публика, а нема публика ниту на квалификациските мечеви, нема да има ни на средбите од Лигата на нациите, па затоа одлуката да има публика во Будимпешта, макар и само 30 отсто од капацитетот и со држење на дистанца барем додека се на стадионот, ќе донесе ризик. Ако „експериментот“ успее, тогаш полека ќе се крева рампата и многумина ќе се осмелат да донесат одлука за играње со публика.

- Оглас -

Најнови вести