Познат датумот кога Бартомеу ќе го напушти претседателското столче во Барселона

Барселона ги закажа претседателските избори за во март 2021 година, на 20 и 21 март ќе се одвива гласањето за смена на Жозеп Марија Бартомеу.

Виктор Фонт, Емили Русанд, Тони Фреша и поранешниот претседател Жоан Лапорта засега се четворицата познати кандидати кои ќе конкурираат за претседателското столче, а кандидатурите треба да ги поднесат на 25 октомври, кога е закажано првото Ел Класико за сезоната 2020/21. Гласањето ќе се одвива на повеќе места во градот Барселона со цел да се почитува здравствениот протокол за заштита од ковид-19.

Со изборите, односно смената на Бартомеу, ќе му се исполни желбата на Лионел Меси откако го критикуваше првиот човек на Каталонците за катастрфалното раководење со клубот, а од претходно се појавија шпекулации дека капитенот ќе ѝ даде шанса на новата управа и наводно оваа сезона нема да му биде последна на „Камп ноу“, иако договорот му истекува во јуни 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести