Нема да му биде последна сезона во Барса: Меси ќе ѝ даде шанса на новата управа?

Лионел Меси реши да ја одработи последната сезона од договорот со Барселона против своја волја, па од утре ќе се приклучи на подготовките во пресрет на стартот од сезоната 2020/21. Иако соработката со Каталонците му трае до јуни 2021 година и решен е потоа да бара нова средина, една работа може да го премисли Меси да ја заврши кариерата на „Камп ноу“.

За следната година на пролет се предвидени претседателските избори во клубот, а за местото на прв човек на Барселона конкурираат поранешниот претседател Жоан Лапорта, Виктор Фонт, Емилио Русанд и Тони Фреша. Еден од нив ќе го замени Жозеп Бартомеу, главниот виновник за распадот на каталонскиот великан.

Кандидатот кој ќе го презентира најдобриот проект за враќање на Барселона на победнички патеки, може да го убеди Меси да остане во клубот. Секако, важно за Меси ќе биде и успехот на екипата во претстојната сезона, во која Каталонците ќе влезат со новиот тренер Роналуд Куман, кој постепено ја продлабочува револуцијата во клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести