Шпанското фудбалско првенство треба да продолжи на 12 јуни, ако се сложат сите клубови со дописот кој го испратила челниците на Примера дивисион. Иако поседниот збор за тоа дали ќе продолжи фудбалскиот шампионат ќе го има министерството за здравство, фудбалските челници дадоа свој термин за рестарт.
Идејата е мечевите да се играат во петок, сабота и недела, како и во нормална ситуација, додека натпреварите кои треба да сее играат во текот на неделата ќе бидат распределени во вторник, среда и четврток. За клубовите е подобро првенството да започне порано, затоа што ако има натпревари во јуни, тие ќе заработат повеќе пари од телевизиските права.
Најголем дел од шпанските клубови веќе започнаа со лесни тренинзи и полека ќе започне втората фаза на тренинзите, кога фудбалерите ќе може да одработат нормален тренинг.